Јовановски стана прв Македонец на Зимските параолимписки игри
Зоран Јовановски испиша историја во македонскиот спорт откако стана првиот од нашата земја кој настапил на Зимски параолимписки игри.
На Зимските параолимписки игри во Милано-Кортина, Јовановски настапи во дисциплината слалом (мажи – седење) и успеа да стигне на целта со време од 1:33,58, меѓутоа набрзо стигна разочарување затоа што поради промашена капија на неколку метри пред целта, тој беше дисквалификуван.
Настапот на Јовановски во Милано-Кортина, сепак, ќе биде запаметен и запишан во македонската историја.



