Спорт

Ѓорческа ќе игра во финалето во Куршумлијска бања 

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со 2-1 во сетови ја совлада Жибек Куламбајева од Казахстан и избори место во финалето на турнирот во Куршумлијска бања, Србија.

Македонката која е втора носителка на турнирот, добро го почна денешниот меч, го доби првиот сет со 6-2.

Во вториот Куламбајева врати со иста мера, со 6-2 изедначи на 1-1. А во третиот, решавачки сет Ѓорческа беше подобра со 6-3 и го доби мечот со 2-1 во сетови.

Лина во финалето ќе игра против грчката тенисерка Марта Матоула која е седма носителка на турнирот. А денешното полуфинале го доби откако противничката предаде.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons