Спорт

Ѓорческа по третпат ќе учествува на Австралија опен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа избори учество во квалификациите на првиот Грен слем турнир Австралија Опен. Ова за македонската тенисерка ќе биде трето учество на турнирот во Мелбурн.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа избори учество во квалификациите на првиот Грен слем турнир Австралија Опен. Ова за македонската тенисерка ќе биде трето учество на турнирот во Мелбурн.

До овој настап Ѓорческа се избори пред сè благодарение на рангот, а секако и на успешните настапи во есенскиот дел од сезоната, а потоа и со настапите на ВТА турнири.

Во првиот настап македонската тенисерка беше на чекор до главниот турнир (2017) кога беше поразена со 2-1 во сетови во третото квалификациско коло, додека во 2024 година беше поразена во првата рунда од квалификациите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons