Спорт

Швјонтек преку Свитолина до полуфинале на Ролан Гарос

Полската тенисерка Ига Швјонтек го обезбеди своето место во полуфиналето на Ролан Гарос, по убедливата победа над Украинката Елина Свитолина со 2-0 во сетови (6-1, 7-5).

Победата Швјонтек ја обезбеди за 100 минути, а посебно доминираше во првиот кој го доби со 6-1. Свитолина, која се наоѓа на 14. позиција на ВТА-листата, се обиде да се врати во вториот сет. Украинката прво направи брејк и поведе со 3-1, но Швјонтек брзо израмни на 3-3. Играта беше израмнета до 5-5, кога полската тенисерка направи решавачки брејк и со сигурен сервис го затвори сетот со 7-5.

Швјонтек, петта на светската ранг-листа, во полуфиналето ќе се соочи со Белорусинката Арина Сабаленка, која претходно ја елиминираше Кинеската тенисерка Чинвен Жен со 7-6, 6-3. Швјонтек, која веќе има четири титули на Ролан Гарос (2020, 2022, 2023, 2024), продолжува со одлична игра и има големи амбиции да го продолжи успешниот настап на францускиот гренслем.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons