Македонија

Шалтер за „Безбеден град“ – Граѓаните од утре ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Граѓаните од утре, 17 декември 2025 година, ќе имаат можност да поднесат барање за промена или корекција на контакт-податоците што ги доставиле при регистрација на своите возила, информираат од Министерството за внатрешни работи.

За таа цел, во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ во Скопје (приземје), е отворен посебен шалтер кој ќе работи секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот. Барањата се однесуваат на случаи кога има настаната промена на контакт-податоците или кога граѓаните добиле известување со неточни информации.

Истата постапка ќе може да се изврши и во станиците за технички преглед на возила низ државата, каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Дополнително, граѓаните ќе можат да доставуваат писмени забелешки, прашања или пријави за евентуални проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“ и по електронска пошта на адресата bezbedengrad@moi.gov.mk

Од МВР посочуваат дека сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на системот и поефикасна комуникација со граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons