Човек одлежал над 20 години во затвор иако бил невин
Невин човек помина повеќе од 20 години во затвор.
Алберт Јан Швајцер одлежа 20 години во затвор за силување и убиство, а сега е докажано дека е невин и воопшто не бил на местото на злосторството.
Хаваецот, кој сега има 51 година е осуден во 2000 година за убиство на 23-годишната туристка од Вирџинија, Дејна Ајрланд, на Божиќ 1991 година. Доби 130 години затвор, но секогаш се задржа на својата невиност. Судијата Петер Кубота пред три дена донесе одлука Швајцер да биде итно ослободен.
Ајрланд е пронајдена едвај жива во грмушките покрај патеката во Пуна, оддалечен дел од Големиот Остров на Хаваи. Била силувана и претепана, а подоцна од повредите починала во болница. Велосипедот што го возела е пронајден неколку километри подалеку, при што изгледал како да го удрило возило. Убиството на туристката од Вирџинија привлече големо внимание на јавноста во САД и остана нерешено со години, па полицијата беше под голем притисок да го пронајде убиецот. Семејството на жртвата не се произнесе.