Фудбалер кој даде гол за Македонија, за една година играл и за Албанија и Косово
Фудбалерот Шабан Зенку, кој беше стрелец на еден од головите за Македонија У-19 против Кипер, меч кој го добивме со 3-2, играл за уште две репрезентации за една година.
Познато е дека играчите додека не настапат за сениорска репрезентација, можат да ги менуваат државите. Но она што го направи Шабан Зенку кој е роден во Кичево во 2004 година, е рекорд.
Тој во период од една година играше за Македонија У19, за Косово У18 и Албанија У18.
Очигледно е дека Зенку има голема дилема за која селекција да игра, па сака сите да ги проба.