Македонија

ФОТО: Плоштадот „Македонија“ полн со украински знамиња на настанот „Спаси ја Украина“ 

По повод еден месец од воената инвазија на Русија врз Украина, попладнево се одржува светски онлајн телемаратон за поддршка на Украина под слоганот #SAVEUKRAINE.

Настанот е организиран од страна на украинската амбасада и Здружението на Украинци во земјава, „Лесја Украинка“, а на концертот ќе настапат украински и светски музички ѕвезди.

Стотици македонски граѓани со украински знамиња се собраа на плоштадот „Македонија“ за да дадат поддршка за Украина и да ги проследат настапите на Џамала, Океан Елзи, Монатик, Руслана, Калуш, ГоА, ДакаБрака, но и на Стинг, Ед Ширан, Брајан Адамс, ЈуТу, Мадона, Имани, Имеџин Дрегонс, Род Стјуард, како и Елтон Џон.

Настанот е посветен на прекинување на руската воена агресија врз Украина, а телемаратонот се емитува низ многу градови низ светот, меѓу кои и Скопје. На плоштадот настанот се емитува на видео-бим преку телевизијата Канал 5.

„Целиот свет е сведок на бруталната војна која руската федерација ја започна и сè уште ја води во Украина. Веќе еден месец украинскиот народ се бори за својата слобода, независност и суверенитет. Целиот свет не поддржува. Ги покануваме сите кои што не поддржуваат во оваа праведна борба, да дојдат и да ја поддржат Украина со своето присуство“, велат од амбасадата и од „Лесја Украинка“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons