Спорт

ФИФА воведува ново правило, специјално за Светското првенство

Светската фудбалска организација (ФИФА) ќе воведе правило за Мундијалот според кое ќе има задолжителна пауза на средината од двете полувремиња.

Паузата ќе трае по три минути, ќе се случува околу 23. минута од полувремето.

Временските услови нема да бидат важни, пауза ќе има и кога условите би биле идеални, а не како досега кога пауза имаше за освежување само на мечевите кога температурата е висока.

Мислењата околу ова се поделени, ФИФА вели дека тоа го прави за заштита на фудбалерите, но дел од критичарите кои не се сложуваат со оваа одлука сметаат дека тоа е само за реклами од кои организацијата би заработила милијарди долари.

Светските медиуми пишуваат дека оваа одлука е донесена по состанок на телевизиските куќи кои решиле дека со ова се создава простор за дополнителни реклами.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons