Македонија

УЈП: Наплатата на даноци споредбено со лани зголемена за 18%

Заклучно до вчера Управата за јавни приходи собрала речиси 350 милиони евра. Без малку 200 милиони во државната каса легнале по основ на даници, а за социјалните придонеси се собрани околу 155 милиони евра.

Директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова вели дека со собраните придонеси од даноците, наплата била 98 проценти од планираното.

„Од аспект на УЈП ефективното собирање на даночните приходи, значи да обезбедиме ефикасни процедури и системи во кои што секој даночен обврзник ќе може да ги исполнува своите даночни обврски. Да обезбедиме директна помош на даночните обврзници за да може правилно да ја разбираат и правилно да ја применуваат даночната регулатива. Да обезбедиме конзистентност унифицирано постапување од страна на секој даночен службеник, секој даночен инспектор со тоа значи да имаат даночните обврзници поголема сигурност.“ – Елена Петрова директорка на управа за јавни приходи. 

Една од главните маки на земјава во процесот на соибирање на даноците е сивата економија, која според познавачите надминува 30 отсто. Огромни суми на пари според надлежните се вртат на церниот пазар, Тоа не само што и штети на еконопмијата на државата, туку директно предизвикува и нелојална конкуренција во стопанството. Од друга страна, дел од поголемите компании во Македонија на неколку пати годинава се пожалија дека државата им доцни со повратот на ДДВ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons