Утрово измерени -6 степени во Македонија, преку ден се најавуваат +23
Утрово Берово беше најстудениот град во Македонија, со температура од -6 степени. Минусни температури имаше и во Битола, Скопје, Струмица, Демир Капшија, Маврово, Тетово, Велес и Гевгелија. Најтопло беше во Крушево и во Виница.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-6 Берово, -4 Битола, -2 Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, Маврови Анови, -1 Тетово, Велес, Гевгелија, 0 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово, Претор, 1 Штип, Кавадарци, Крива Паланка, Охрид, 3 Попова Шапка, 5 Виница, Крушево.
Денеска времето претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.