Утре инаугуративна миса на папата Лав XIV
Папата Лав XIV утре ќе ја предводи инаугуративната миса во Ватикан, со што официјално ќе ја започне службата како 267-ми поглавар на Римокатоличката црква.
Почетокот на литургиската служба е закажан за 10 часот во Рим, а ќе присуствуваат бројни светски претставници и верски лидери.
Мисата ќе се одржи на плоштадот Свети Петар пред базиликата Свети Петар во Ватикан.