МакедонијаНајново

УАПСЕНИ 56 ЛИЦА И ПОДНЕСЕНИ 32 КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ПОЖАРИ – за превенција се користат дронови 

Дури 32 кривични пријави се поденесени во врска со пожари на отворен простор, соопштува Министерството за внатрешни работи. Притоа информираат дека се уапсени 56 лица, во период од скоро шест месеци.- Министерството за внатрешни работи ве известува дека од 01.04.2025 до 23.09.2025 година, регистрирани се вкупно 2.012 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 56 лица, а по преземени мерки поднесени се 32 кривични пријави.Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна поврзаност – нагласуваат од МВР во соопштението испратено до медиумите. Од таму додаваат дека од 01.07.2025 година, откако е воведена забрана за движење во шуми, до 23.09.2025 без писмено одобрение за движење во шума, биле затекнати 27 лица. Против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по Закон за шуми.

– Во насока на рана превенција од пожари, полициските служби употребуваат дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата.Со воведувањето на овие оперативни мерки зголемена е ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, како и детектирањето на можните причини или причинители на истите – се нагласува во нивното соопштение. Фото: Архива

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons