НајновоСвет

Тројца вооружени косовски специјалци уапсени на територијата на централна Србија 

Припадниците на специјалните единици на српската полиција денеска уапсија тројца вооружени косовски специјалци на територијата на централна Србија, неофицијално е потврдено за РТС.

Наведено е дека за акцијата бил информиран претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Новости“ објави фотографии за кои тврдат дека се направени по апсењето на тројца припадници на косовската полиција. На фотографиите се гледаат уапсените како и автоматски пушки, опрема за надзор, радио врски, мапи…

Албанскиот сајт „Коха“ наведува дека настанот се случил во близина на административниот премин Јариње.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons