МакедонијаНајново

Трошоците на живот во ноември на годишно ниво повисоки за 4.3

Трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, бележат зголемување од 4.3 %, а цените на мало од 4.0 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, изнесува 1.0 %.

Зголемувањето на инфлацијата во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 2.1 %, рекреација и култура, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1.5 %, ресторани и хотели за 0.8 %, облека и обувки, здравје за 0.2 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.

Во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 0.9 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.3 %, разновидни стоки и услуги за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите комуникации и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во ноември во однос на октомври годинава забележале раст oд 0.3 %.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons