Трамп објави двонеделен прекин на нападите врз Иран, Техеран ќе ја отвори Ормуската Теснина
Пакистан искрено ги повикува нашите ирански браќа да ја отворат Ормуската Теснинс за период од две недели како гест на добра волја. Исто така, ги повикуваме сите завојувани страни да почитуваат прекин на огнот насекаде во текот на две недели, за да може дипломатијата да постигне конечно завршување на војната во интерес на долгорочен мир и стабилност во регионот, напиша премиерот Шариф на социјалната мрежа „Икс“.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека се согласил да ги запре бомбардирањата и нападите врз Иран во период од две недели.
Трамп соопшти дека ја донел одлуката по разговорот со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф кој го замолил да го продолжи за две недели рокот (ултиматумот) што му го даде на Иран да ја отвори Ормуската Теснина.
Врз основа на моите разговори со премиерот Шехбаз Шариф и пакистанскиот фелдмаршал Асим Мунир, за време на кои тие побараа да ги сопрам ударните сили испратени во Иран вечерва, и под услов Исламската Република Иран да се согласи на ПОТПОЛНО, НЕПОСРЕДНО и БЕЗБЕДНО ОТВОРАЊЕ на Ормуската Теснина, се согласувам да го запрам бомбардирањето и нападот врз Иран во период од две недели, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.
„Ова ќе биде билатерален ПРЕКИН НА ОГНОТ“, нагласи американскиот лидер.
Трамп посочува дека САД добиле предлог од 10 точки од Иран.
-Верувам дека ова е функционална основа врз која ќе се преговара, додаде Трамп.
Примирјето го потврди и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.
-Пакистан искрено ги повикува нашите ирански браќа да ја отворат Ормуската Теснинс за период од две недели како гест на добра волја. Исто така, ги повикуваме сите завојувани страни да почитуваат прекин на огнот насекаде во текот на две недели, за да може дипломатијата да постигне конечно завршување на војната во интерес на долгорочен мир и стабилност во регионот, напиша премиерот Шариф на социјалната мрежа „Икс“.
Ултиматумот на Трамп до Исламската Република требаше да истече во 00:00 часот по Гринич (02:00 часот по македонско време). Неколку часа претходно, Трамп напиша на „Truth Social“ дека „цела цивилизација ќе умре вечерва“.
Тој предупреди дека ако не се постигне договор, цивилната инфраструктура во Иран, вклучувајќи мостови и електрани, ќе бидат уништени. (МИА)



