Трагедија во Прилеп: Убиени татко и малолетен син, убиецот потоа се застрелал
Двојно убиство и самоубиство се случило во Прилеп. Според неофицијални информации, драмата се одвивала за време на семејна веселба.
Три лица се мртви, меѓу кои и малолетно дете. Убиецот, кој е вујко на убиениот возрасен човек се самоубил по настанот, а дека планира да направи нешто објавил и на Фејсбук.
Настанот започнал околу 15 часот, а припадници на специјалните единици пристигнале на местото на настанот околу полноќ.
Полицијата пробала да влезе во просторот каде се држени заложниците, но напаѓачот бил тешко наоружан, пукал кон полицијата и држел бомба. Потоа тој се самоубил.
Повеќе детали во текот на денот…