Македонија

ТВ 24 дознава: Странска служба ја известила АНБ пред една година дека на Груби му се заканува ликвидација

Три службени белешки кои по автоматизма од МВР стигнале до ОЈО – се клучнит аргумент за обвинителот Даниел Коцев да побара домашен притвор за екс вицепремиерот Артан Груби повикувајчи се на неговата загрозена безбеднсот во притвор .

Според неофицијалните информациите на ТВ 24 од истрагата клучната дека на Груби му се заканува ликвидација од човек со криминален бекграунд , АНБ ја добило од надворешна служба пред повеќе од година, по што ја испратило до МВР , а тие по службен пат до ОЈО . 

– Пред една година до АНБ се обрати разузнавачка служба од соседството со податоци кои ги пресретнале дека на Артан Груби му се заканува опаснсот по живот и ликвидација од лице со криминално минато и познато во криминалните кругови- вели за ТВ 24 извор од истрагата 

Според него Груби по таа дојави добил полициско обезбедување , кое го користел се до бегството од земјава . Во меѓувреме МВР споделиле и други информации до ОЈО кои до нив стигнале како сознанија од институциите кои покажале дека екс првиот вицепремиер и најблизок човек на Али Ахмети не е безбеден . Според истите извори едната била по неговото бегство. Нема детали кои други опасности го демнеле Груби, освен заканите за ликвидација што Макаедонија ги добила од странска служби.

Извори на ТВ 24 и од АНБ и од МВР тврат дека беедносна проценка на која се повикуа ОЈО како основ за барањето за домашниот наместо притвор во Шутка не е направена по враќањето на Груби, кога насмеан на преминот Блаце доби лисици на рацете и беше пренесен во Шутка каде се задржа само неколу часа.

Официјално од АНБ не сакаат да коемнтираат, а од МВР индиректно ги потврдувата информациите на тв 24 и порачуваат дека полицијата не направила било каква проценка каде би бил Груби побесбеен или понебезбеден. 

МВР 

– Министерството за внатрешни работи, согласно своите законските надлежности ги сподели со Јавното обвинителство сите информации и сознанија со кои располагаше, а кои се однесуваат на конкретното лице, вклучително и информациите од Агенцијата за национална безбедност. Во понатамошната постапка, одлуките за барање и определување на мерките ги носат исклучиво надлежното обвинителство и судот

Обвинувањата на ОЈО дека ќелијата во Шутка е небезедна за Груби ги отфрла и директорот на затворот Бобан Утковски. Тој за ТВ 24 вели дека ниедна инститцоја не побарала ниту направила безбеднсона контрола 

Бобан Утковски – директор на затворот Скопје 

– Ниеден претставник од страна на МВР и АНБ се нема ниту писмено ниту усно обратено до мене или до институцијата со која јас раководам за да побара мислење за безбедноста во периметарот што ние го обезбедуваме. Така што, во тој контекст, јас тука би застанал. Нека се произнесат самите служби АНБ и МВР дали процената што ја дале кореспондира со реалноста

По бурата реации за замената на ефективниот притвор со домашен по барање и на ојо и на адвокатот на груби, од обвинитеството излегоа со соопштение дека како што рекоа мерката куќен притвор, особено кога се реализира со 24-часовен надзор, е исто така притворска мерка, која не се издржува во затворски услови само затоа што постојат специфични услови за тоа.таквите услови во конкретниот случај беа исполнети, бидејќи по проценка на надлежните органи – мвр и анб постојат сериозни информации дека во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност на овој осомничен. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons