МакедонијаНајновоПолитика

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните 

Другарството на Венко Филипче и Али Ахмети се покажа како нераскинливо кога имаат заеднички интерес, а во петокот покажаа дека се здружени и против граѓаните и нивните животи. 

Али и Венко додека беа на власт си другаруваа во криминални шеми со местење тендери и други и слични активности. 

А сега, Али и Венко, покажаа дека немаат слух воопшто за граѓаните и нивните потреби, па во петокот здружено нивните пратеници гласаа против измените на Законот за прекршоци со кој се заокружуваат правните норми потребни за официјален старт на системот Безбеден град. 

Замислете, нивните пратеници застанаа против систем кој гарантира безбедност за граѓаните во сообраќајот, систем кој има за цел да ги намали несреќите во сообраќајот, кои во Македонија често се со фатални последици.  

Според официјалната статистика во пробниот период на безбеден град во декември 2025 година, во сообраќајни незгоди телесни повреди имале 20 лица, а во декември 2024 година тешки телесни повреди имале 25 лица.

Системот Безбеден град е и начин да се намали бројката на жртви во сообраќајот, која во Македонија која изнесува на еден милион жители 65 жртви, а европскиот просек е за една четвртина помал или 45 жртви на милион жители. 

Почитувани, 

Дружбата на Венко и Али ги носи двајцата и двете партии во пропаст, а ВМРО-ДПМНЕ продолжува посветено да се грижи за граѓаните.

Линк од видео материјал:

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons