Сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи во одредени делови
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 24 до 35 степени Целзиусови.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 33 степени Целзиусови.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури до 36 Целзиусови степени. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.