Сончева и мирна недела: денеска ќе биде топло, ќе дувне и пролетно ветре
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните утрински температури се движат од -2 до 8 степени Целзиусови, а дневните температури ќе достигнат од 7 до 22 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.



