Актуелно

Советот на јавни обвинители избра 31 нов обвинител

Советот на јавни обвинители денеска избра 31 нов јавен обвинител за 10 основни јавни обвинителства. Кандидатот пријавен за обвинителствата во Гостивар и Кичево не го добил потребниот број гласови, а во пет обвинителства воопшто немало пријавени кандидати.

Како што беше предвидено, на денешната седница требаше да бидат избрани 47 нови јавни обвинители. Како што соопштија од Советот по денешната седница, во Основно јавно обвинителство Скопје избрани се кандидатите Сашо Палчевски, Бурханедин Нухију, Ирина Црвенковска, Јана Ристеска, Милена Новеска Латиновска, Кристијан Смилевски, Бојана Ваневска, Илир Зајази, Александар Софронијовски, Динче Стојановска, Марија Секуловска Велковска, Марина Галева, Орхан Арифовски и Давид Неделков.

За јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Битола е избрана Ангелина Ангелевска Илиевска, а за Основно јавно обвинителство Гевгелија е избран кандидатот Драгиња Аврамчева. Благој Митевски е избран во Основно јавно обвинителство Делчево, во Основно јавно обвинителство Охрид е избран Ерол Шериф, додека, за јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Струмица е избран Кире Манински.

Во Основно јавно обвинителство Куманово се избрани кандидатите Ивана Јавнески и Лукман Салихи, а за Основно јавно обвинителство Прилеп се избрани Кирил Јовчески и Марија Шокоска. За јавни обвинители во Основно јавно обвинителство Тетово се избрани кандидатите Илзана Касами Шабани, Стефан Попоски и Блерим Бесими, а за во Основно јавно обвинителство Штип се избрани Здравко Кескинов Жежов и Луција Кашуба.

Кандидатот Арсим Адеми кој поднел кандидатура за јавните обвинителства во Гостивар и Кичево не го добил потребниот број на гласови, а за Основните јавни обвинителства во Крива Паланка, Велес, Струга, Кочани и Радовиш воопшто немало пријавени кандидати. За јавното обвинителство во Ресен, пак, бил пријавен само кандидатот што Советот денеска го избра за обвинител во ОЈО Охрид.

Пред денешниот избор, беше утврдено дека недостигаат 100 обвинители и дека пополнети се само две третини или само 164 од вкупно 261 предвидени јавнообвинителски места на ниво на државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons