Синер оствари нешто што не им успеало ни на Ѓоковиќ, Надал и Федерер
Јаник Синер е убедливо најдобар тенисер во светот во моментов и доказ за тоа не е само изгледот на АТП листата, туку и сето она што го постигнува Италијанецот.
Тој ја заврши 2024 година на феноменален начин, со титула во Дејвис купот и оди на заслужен одмор пред стартот на подготовките за новата сезона. Освен што оваа година ја завршува со 73 победи и само шест порази, Синер направи нешто што не им успеало ни најдобрите тројца тенисери во историјата Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Тој е прв играч што успеал во една година да го освои Дејвис купот, барем две Гренд слем титули и завршниот Мастерс. Триумфираше на Австралија и УС Опен, ги освои Ротердам, Мајами, Хале, Синсинати и Шангај и на крајот на сезоната има дури 3.915 бода повеќе од второпласираниот Александер Зверев.
И тоа не е се. Синер стана само втор тенисер во историјата, по Роџер Федерер во 2005 година, што сезоната ја завршил без пораз од 0-2 или 0-3. На секој од 79. натпревари освои барем по еден сет што никогаш не им успеало ни на Ѓоковиќ или Надал.