Синер го освои турнирот во Париз и пак се качи на врвот на АТП листата
Италијанскиот тенисер, Јаник Синер првпат во кариерата триумфираше на мастерс турнирот во Париз откако денеска во четвртфиналето го совлада Феликс Оже-Алиасим со 2-0 во сетови.
Иако мечот беше во два сета, Канаѓанецот му пружи многу силен отпор на фаворизираниот Синер.
Јаник првиот сет го доби со 6-4, а во вториот се играше тајбрејк 7-6 за Италијанецот и титула.
Со овој триумф Синер се врати и на првото место на АТП листата и од утре ќе има 250 поени предност во однос на Алкараз пред Завршниот мастерс во Торино кој почнува на 9 ноември.


							
							
							
