Синер во осминафиналето на АО забележа нов рекорд
Јаник Синер продолжи да игра убедлив тенис и стигна до четвртфиналето на Австралија Опен.
Во осминафиналната фаза тој го победи Лучијано Дардери со сигурни 3-0.
Оваа победе се испостави како рекордна за Синер. Италијанецот стана тенисер со најмногу победи против свој сонародник, бидејќи веќе е на скор од 18-0.
Со добрите игри Синер често знае да руши рекорди. Во осминафиналниот дуел го подобри и личниот рекорд за асови на меч, бидејќи освои 19 поени директно од сервис.



