Македонија

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје сподели детали!

По претходно регистрираните сеизмички активности, вечерва во 22:05 часот Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, евидентираше нов земјотрес со локална магнитуда од 4.6 степени според Рихтеровата скала.

Според информациите од опсерваторијата, епицентарот на земјотресот потекнува од територијата на Косово, на околу 45 километри северозападно од Скопје.

Земјотресот бил најсилно почувствуван во Тетово, Гостивар и нивната околина со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала. Во Скопје и околината интензитетот се движел меѓу IV и V степени, додека во останатите делови од државата бил почувствуван со интензитет од III до IV степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons