Регистрирани 5.000 прекршоци за само два часа на тестирањето на камерите во Скопје

Се ближи ли крајот на сообраќајното дивеење во Скопје? … Дел од булеварите и улиците во метрополата веќе добиваат „нови очи“ кои ќе ги ловат несовесните возачи, ноќните тркачи по улиците и сите оние кои го загрозуваат својот и животот на околината на било каков начин…

Овој булевар е еден од оние на кои се вози најбрзо, а често не се почитува ниту црвеното светло на семафорите, па во недостаток на полиција и радар, камерите ќе ги документираат овие прекршоци.

Од МВР засега не откриваат премногу што се ќе се казнува, бидејќи законот за камерите треба да ја заврши потребната собраниската процедура. Она што е засега познато е дека клучен ќе биде сегментот за брзото возење и поминување на црвено. Сепак, според некои информации, се бара модалитет се бара модалитет да се казнува и за не носење на појаси, лошо и опасно престројување, непочитување на сообраќајните знаци.

„Новите камери кои се поставуват во Скопје се дел од проектот „Безбеден град“ кој има за цел зајакнување на сообраќајната безбедност. По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект, јавноста ќе биде соодветно известена“ – велат од МВР и тоа е засега сѐ што откриваат.

Во последниот период сме сведоци на се повеќе сообраќајни несреќи, некои за жал и со трагични последици. Граѓаните кои ги анкетиравме велат по улиците чувствуваат повеќе страв отколку безбедност, па ова решение, доколку се спроведе како што треба и функционира добро, тогаш ќе биде полн погодок.

Налетавме и на оние кои полагаат и допрва треба да станат дел од сообраќајот. Велат веќе ја чувствуваат тензијата на скопските улици, а додека возат градски часови, често и им свират, оти биле преспори

Камерите веќе подлежеа на тестирање, а тоа го кажа минатиот месец техничкиот министер за внатрешни работи – Панче Тошковски. Канал 5 дојде до информација дека во време на тестирањето во само неколку часа биле забележани повеќе илјади сериозни прекршоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons