Рашковски ослободен од куќен притвор
„Крвичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог за укинување на мерката – Куќен притвор за осудениот Д.Р, донесе решение со кое мерката куќен притвор се укинува со определена гаранција во вредност од 11.868.762 денари во недвижен имот.
Станува збор за неправосилно решение за кое по добиена жалба на надлежниот обвинител и комплетирање на предметот во Законски утврдениот рок, ќе биде доставен на надлежно постапување во второстепениот суд“, велат од Кривичен суд.