Радар зад секој свиок – близу илјада возачи казнети за брзо возење
Засилените акциски контроли во сообраќајот, како што вообичаено МВР ги именува сообраќајните контроли, само во текот на денот регистрирале 938 возачи кои ја надминале дозволената брзина на возење. Со радари поставени на улици и патишта низ Македонија „фатени“ се 553 возачи кои возеле брзо низ населени места и 385 возачи кои брзале на отворен пат.
Од нив, 57 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, информира МВР,