Протече водата низ цевките, скопјани наскоро ќе добијат вода
Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод, информираат од ЈП Водовод и Канализација Скопје. Пренесе Канал 5.
Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните утрински часови кога сите екипи на Секторите ЕОК, Механизација и Водовод отпочнаа со празнење на магистралниот водовод на предвидените локации. Операција се движи во рамки на предвиденото и очекувано е да заврши во предвидениот рок со вкупно време од помалку од 15 часа, во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод. Полнењето веќе е започнато и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа.
Со оваа модернизација се подобрува водоснабдувањето и притисокот во Општина Ѓорче Петров и Карпош, со репарација на 6 сегменти каде во изминати децении се нотирани огромни загуби на вода.
Со затварање на Главниот Градски цевковод Ф1600мм по должина на линија на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булевар Партизански одреди со ул. Никола Парапунов веќе нашиот тим ги заврши интервенциите
-По должина на траса по Партизанска од кружен тек Ѓорче Петров до хотел Карпош каде се променети 5 воздушни вентили и 5 затварачи за истите на Ф200 поврзани на цевководот Ф1600
-Реконструиран е затварач Ф700 на бул. Партизански одреди со ул. Никола Парапунов
-Променет е затварачот на Ф400 на кружниот тек Порта Влае
-Реконструиран е затварач Ф600 на мостот Обединети Нации
-Реконструиран е затварач Ф500 на ул. Никола Парапунов.
Во овој момент во фаза на завршување е последната постапката за реконструкција на затварач Ф700 на ул. Никола Парапунов, која се изведува независно од останатите и за која не е неопходно затворање на главниот довод.
Согласно Оперативниот План за санација на затварачите на градска водоводна линија Ф1600мм, Сектор Водовод со ангажирани повеќе од 160 стручно вработени меѓу кои ВКВ водоинсталатери, инженери, оперстори и возачи на специјални возила, ВКВ автомеханичари, ВКВ машинобравари, ВКВ механичари, ВКВ електричари, работници за дијагностика на дефекти и техничари кои ка вршат работата на терен и уште толку административни лица заедно со директорот ги подготовија и завршуваат согласно планот за постапување со механизација, алат и пумпи.
Во време кога половина населени места во Македонија токму поради ненавремена санација на водоводите со денови и недели граѓаните немаат вода, а особено во летните месеци, нашиот тим на ЈП Водовод и Канализација Скопје согласно сложен детален оперативен план, успешно го решава еден од критичните децениски проблеми со кој воедно се подобрува водоснабдувањето и притисокот во Општина Ѓорче Петров и Карпош, со репарација на 6 сегменти каде во изминати децении се нотирани огромни загуби на вода.
Голема благодарност до сите вработени на ЈП Водовод и Канализација Скопје кои беа вклучени во овој зафат, кои денес максимални напори и труд вложуваат овој децениски проблем со загуби на вода и дефекти да се заврши и реши.
Апелираме до сите јавни чинители да ги поддржат нашите вработени во оваа исклучително тешка акција која бара високо ниво на стручност и техничка подготвеност, а воедно и до јавноста да не потпаѓа под изнесувањето информации од нестручни лица со цел да се предизвика страв и паника кај граѓаните. За сите прашања во врска со статусот на операцијата Водовод и Канализација Скопје ќе бидат достапни за одговори во текот на целото времетраење на санацијата, информираат од ЈП Водовод и Канализација Скопје