Пронајдено безживотно тело на пруга во Хиподром
Безживотно тело е пронајдено вчера на железничка пруга во населбата Хиподром.
Според информациите од дневниот билтен на МВР, во текот на вчерашниот ден околу 14 часот е пријавено дека на железничката пруга во населба Хиподром, било пронајдено машко лице, без знаци на живот кое било удрено од воз.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а за случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција, соопштија од МВР.
Увид извршиле екипи од СВР Скопје и од Железници на РСМ.