Свет

Пронајдена БОМБА во основно училиште, учениците евакуирани, полицијата на терен во Смедерево, Србија

Експлозивна направа е пронајдена во основно училиште во Смедерево, Србија. Училиштето е евакуирано, а полицијата врши увид.

Според информации на медиумите во регионот, од Полициската управа Смедерево учениците веднаш биле евакуирани од зградата, но сè уште не се знае за каква бомба се работи.

Бомбата наводно била пронајдена во еден од магацините на училиштето, а ја пронашол еден од вработените во училиштето.

Полицијата во моментот го обезбедува училиштето.

Како што стои во написите, се претпоставува дека се работи за експлозивна направа пред 20 години.

„Се претпоставува дека е поврзана со наставата пред 20 години. Тогаш наставата беше на тема одбрана и заштита, но има уште нешто таму што не знаеме што е. Полицијата е тука и ќе истражува за што се работи. Истрагата е во тек“, изјави директорката на ОУ „Бранислав Нушиќ“ за „Телеграф.рс“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons