Променливо и врнежливо време до крајот на неделата
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен ветер.
Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен јужен ветер.
Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од 4 до 10, а максималната од 14 до 20 Целзиусови степени.
Според прогнозата на УХМР променливото и дождливо време ќе се заджи до крајот на неделата