МакедонијаНајново

Приведен возач од Швајцарија – возел 155 км/ч, иако било дозволено 80 

На 05.08.2025 во 11.35 часот, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода А.Љ.(37) од Швајцарија.

При сообраќајна и контрола со радар, било констатирано дека тој управувал возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 155 километри на час на место каде што максимално дозволената брзина е ограничена со знак од 80 километри на час надвор од населено место.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons