Приведени 17 лица за непочитување на одлуката за седумдневна жалост
На 22 и 23 март 2025 година, полициски службеници привеле вкупно 17 лица на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик, односно за непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост.
Детали за приведените:
• Скопје – приведени се едно малолетно лице и управител на угостителски објект
• Прилеп – приведени се 12 лица, од кои едно е малолетно
• Кичево – приведен е еден сопственик на угостителски објект
• Куманово – приведени се менаџер и управител на угостителски објект
По целосно документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.