Претрес во Идризово: Пронајдени пари и мобилни телефони!
Синоќа, околу 20:00 часот, Казнено-поправната установа Затвор Идризово пријавила во СВР Скопје дека при претрес на влезот во установата, кај осудениците Н.А., Х.А., Л.И. и Ј.П. биле пронајдени пари и мобилни телефони.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), при извршениот преглед во возилото со кое пристигнале овие осуденици, биле пронајдени марихуана и дополнителен мобилен телефон.
Во моментов се преземаат мерки за расчистување на случајот.