По три години затвор за сопствениците на диви депонии во Вардариште
Кривичниот суд Скопје денеска ги изрече пресудите за тројцата обвинети за создавање диви депонии на улицата „Зендел Џемаил“ во населбата Вардариште.
Тројцата обвинети ја признаа вината за кривичното дело „загрозување на животната средина и при природата со отпад“, а Судот одлучи да ги казни со максималната законски предвидена казна.
Сите тројца добија максимална казна затвор од три години.
Според обвинението, тие во периодот од 2020 до септември 2025 година нелегално откупувале старо железо и друг отпад без дозвола, при што непрописно го складирале и транспортирале, создавајќи диви депонии.