По низа на медицински признанија, за доктор Игор Гила Николов стигна и најомиленото од соседите, прогласен е за почесен граѓанин на општина Бутел
Ова признание не е само чест за мене, туку и одраз на заедничките напори на сите оние кои ме поддржаа и инспирираа низ целиот овој пат. Пред 2 месеци бев одликуван од страна на францускиот претесдател Макрон, а еве вечерва од градоначаникот на Бутел, г-дин Дарко Костовски“, рече Николов на синоќешната свеченост.
Доктор Игор Николов, професор на Медицинскиот факултет во Скопје и иден амбасадор во Француската република, синоќа доби признание за почесен граѓанин на општината. Свеченоста се одржа вчера вечерта во Македонската филхармонија. Одлуката за доделувања на општински признанија за посебен придонес за развој и промоција на општината беше донесена на 60 седница на Советот на Општина Бутел која имаше свечен карактер по повод 20 години од формирање на оваа општина.
„Ова признание не е само чест за мене, туку и одраз на заедничките напори на сите оние кои ме поддржаа и инспирираа низ целиот овој пат. Пред 2 месеци бев одликуван од страна на францускиот претесдател Макрон, а еве вечерва од градоначаникот на Бутел, г-дин Дарко Костовски“, рече Николов на синоќешната свеченост.
Николов во таа прилика информираше дека неговото потесно и пошироко семејство живее во Бутел уште од 1953 година.
„Мојот дедо Глигор Николов, беше наставник по географија и истроија во општинските училишта Цветан Димов и Рајко Жинзифов. Бутел е повеќе од само место — тоа е заедница исполнета со жив дух, богата култура и неискористен потенцијал. Секогаш верував во силата на посветеноста и соработката за да изградиме посветла иднина за нашата општина“, кажа Николов укажувајќи дека признанието го посветува на блиските и на неговата потесна и поширока фамилија.
Николов укажа дека само заедники со сите, со секој еден граѓанин може да се негува заедницата и да се создаваат можности за идните генерации.
На синоќешниот настан доктор Николов посебна благодарност упати до членовите на Советот и до градоначалникот Дарко Костовски кој како што рече „со својата енергија, динамичност и посветеност, се бори Општина Бутел да бие и да остане она што сите сакаме“.
„Да продолжиме сите заедно рака под рака да го градиме Бутел, да инспирираме за да прерасне во модерна и урбана општина“, заклучи Николов.
КОЈ Е ИГОР ГИЛА НИКОЛОВ?
Во вакви прилики најчесто поставувано прашање е, кој е Николов? Доктор на Клиниката за нефрологија, вонреден професор на Медицинскиот факултет во Скопје, член на еминентни меѓународни асоцијации, со богато искуство низ светските клиники, визитиннг професор на Медицинскиот факултет во Тулуз. Иницијатор за реорганизирање на здравствениот систем во Македонија, а во период на корона КОВИД-19 пандемијата, во првите редови при првите ротации на Клиниката за инфективни болести. Актуелно, Николов е предложен и за амбасадор на Македонија во Република Франција, како познат и докажан франкофон. Или Николов е човек кој свето образование го стекнува во француската држава, а таму има и работно искуство и низа на усовршувања на тамошните престижни здравствени институции.
Инаку доктор Николов е познат во докторската фела, меѓу пријателите и пациентите како Гила. Во 2021 година беше носител на листата на советници за Советот на општина Бутел, а по изборите избран и за претседател на истиот.
Во општината е препознатлив како комшија и доктор кој им помага на сите во секое време.
СПОДЕЛУВАЊЕ ИСКУСТВА
Со активното вклучување во политиката, на локалните избори, воедно и како долгогодишен претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Николов има една цел споделување на искуства и пренос на знаење, нешто што е реткост во последно време.
Николов своето искуство како лекар и професор, воедно и искуството и во подобрување на организациската поставеност на здравствениот систем, знаењата и искуството во својата професија ги пренесува и споделува со своите сограѓани и со сите во општината и пошироко.
Доктор Игор Гила е приврзаник на максимата „Мисли глобално, делувај локално!“. Притоа целта е една, да има едно подобро општество, подобра локална средина која е клучна за граѓаните, а секако крајната цел е подобра и модерна држава за живеење.