Актуелно

Починато бебе донесено во болница во Неготино – ќе се прави обдукција 

Петмесечно бебе, без знаци на живот, вчера било донесено во Итната медицинска служба во болницата во Неготино.

Како што информираат од СВР Велес, телото било дадено на обдукција.

– Вчера во 09 часот во ОВР Неготино, од Итна медицинска помош Неготино пријавил дека кај нив од родителите било донесено неколкумесечно бебе од Неготино без знаци на живот. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција – известија од СВР Велес.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons