Поставени камери на 60 локации низ Националниот парк „Маврово“
Националниот парк „Маврово“ отпочна со спроведување видеонадзор, при што новиот систем треба да обезбеди повисоко ниво на заштита на природата, како и зголемена безбедност на дивиот свет и посетителите.
Oдделението за заштита и мониторинг на Националниот парк Маврово на 60 локации низ територијата на паркот потави камери. Поставувањето на опремата, како што наведуваат од НП „Маврово“ е во согласност со законски надлежности и обврски и се однесуваат на заштита, унапредување и одржливо управување со природните вредности, биолошката разновидност и екосистемите.
Со видеонадзорот ќе се овозможи и подобро следење на состојбите во природата, движењето на дивите животни и навремена реакција од страна на надлежните служби, со што се унапредува севкупната заштита и управување со паркот.

Од Националниот парк „Маврово“ упатуваат апел до посетителите да се придржуваат кон правилата за движење и престој во рамки на паркот, да ја почитуваат природата и да постапуваат одговорно во зачувувањето на природното богатство.



