Поранешен министер веројатно ќе биде меѓу осомничените во големата акција на полицијата која досега, извади над 40 тони марихуана
Дали тоа некој со умисла го правел, дали тоа го правел со некоја друга цел, истрагата ќе даде одговор“ вели премиерот.
Премиерот Христијан Мицкоски навести дека поранешен министер веројатно ќе биде меѓу осомничените во големата акција на полицијата која досега, извади над 40 тони марихуана од легалните плантажи во Скопје во Струмица.
Мицкоски исто така истакна дека количината на запленета марихуана веројатно ќе надмине 100 тона.
„Законот е генерално ист, но некој министер – а тоа деновивве ќе се разработува – дозволил да се промени Правилникот кој е спротивен на Законот.
Знчи ние имаме подзаконски акт кој е во колизија со самиот Закон.



