МакедонијаНајново

ПОЛОВИНА МЕСЕЦ НЕМА ТРАГА ОД МАРТИН: Неколку дена ништо ново и од Офкат

Повеќе од половина месец нема трага од младото момче Мартин Јовановски од Скопје, кое исчезна во водите на егејското море. Двајцата другари на Мартин беа пронајдени набргу, односно 20 часа откако морските струи ги повлекоа во морето во Посеиди на Халкидики.

Неколку денови нема ништо ново за потрагата по Мартин ниту на грчката невладина организација Офкат, која неуморно трага по момчето со недели.

Во потрагата беа вклучени авиони, кучиња трагачи, дронови, но засега безуспех.

Претходната недела мал знак на надеж дадоа најдени панталони како оние кои ги носел Мартин последниот ден пред да исчезне.

Од Америка во Грција дојде и братот на Мартин кој исто така им се придружи на екипите на Офкат во потрагата. 

Горан апелираше до грчката влада повторно да помогне и да се вклучи во потрагата, бидејќи како што вели нивните финансиски средства како семејство се исцрпени. Потрагата е прескапа. 

– „Заглавени“ сме во друга држава, но не можам дома да си заминам без брат ми. Не можам да и кажам на мајка ми како да се вратиме во татковината без него. Потрагата за мојот брат станува прескапа бидејќи се изнајмуваат чамци како и подводни дронови со термални камери – вели Горан во изјава за грчки медиум. 

Додава  дека донациите им се важни и без нив не би можеле ништо да направат. На Халкидики морската струја повлече три момчиња, по што двајцата се спасија, но по Мартин уште трагаат.  Иван, едно од момчињата помина повеќе од 20 часа во море, и со помош на топка успеа да издржи додека да го спасат. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons