Погба му се врати на фудбалот, потпиша за Монако
По паузата поради допинг, Пол Погба му се враќа на фудбалот, францускиот фудбалер стави потпис на договор со Монако.
Тоа што веќе некое време се знаеше, сега е и официјално, Погба е нов фудбалер на Монако.
„Монако со задоволство може да го потврди доаѓањето на Пол Погба кој потпиша двегодишен договор со клубот до јуни 2027 година“, стои во соопштението на Монако.
За Погба ова ќе биде прво искуство во Лига 1, сениорски фудбал досега играше само во Манчестер Јунајтед и Јувентус.