Повторно во втората училишна смена закани за поставени бомби
И денеска, како и вчера, во отприлика исто време, во втората смена, во дел од скопските уличишта на нивните електронски адреси, пристигнаа закани за поставена бомба во училишните објекти. Во скопската гимназија „Никола Карев“ веќе се евакуирани учениците, наставниците и вработените, а на децата им е кажано најдоцна за два часа од моментот на напуштањето на училиштето да се вклучат онлајн во настава од дома.
Вчера во исто време попладнето пристигнаа закани за поставени бомби во повеќе скопски основни и средни училишта, како и во дел од прилепските училишта.