Победи на Хрватска, Словенија и Исланд, сè е израмнето во борбата за полуфинале на ЕП
Ситуацијата во групата 2 од главната фаза на Европското првенство целосно се искомплицира, а сега четири селекции се во игра за полуфинале. Словенија, Исланд и Хрватска победија во денешните средби, па заедно со Шведска се израмнети на по четири бода.
Словенците триумфираа во дуелот со Унгарија (35-32) и ги одржаа надежите за пласман меѓу четирите најдобри. До крајот на групата тие играат против Хрватска и Исланд.
Токму Исланѓаните го направија хаосот, бидејќи славеа во дербито со Шведска со 35-27. Иако домаќинот важеше за фаворит, не успеа против незгодниот ривал кој во следното коло игра со Швајцарија, па со Словенците за крај.
Хрватска очекувано триумфира против Швајцарците (24-28). Тие до крајот на групата можат и со две победи да останат без полуфинале, па мораат да чекаат кикс на Исланд или Шведска.



