МакедонијаНајновоПолитика

Петрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче, целта е да се сее страв пред избори

СДС влегува во сериозно смислено сценарио за дестабилизација во Кочани, со цел спас на Венко Филипче, кој има очајно низок рејтинг и на кого му се заканува дебакл на локалните избори.

Вчера јавноста беше сведок на почетокот на планот на Филипче, кој е правен пред месец дена во Дубаи, на средба со Заев. Тоа е периодот кога кажавме дека Венко Филипче шест дена беше тајно во Дубаи.

Советникот на Филипче, Аки Акиов кој вчера повреди вработена во општина Кочани и физички се закануваше на советници, е човек од најголема доверба на Зоран Заев.

Еве фотографија од советникот на Филипче, тепачот од Кочани и Зоран Заев.

Да го погледнеме видеото како советникот на Филилче, удри жена, најјак работник.

Ова ли е иднината која ја нуди Венко Филипче? Тепање и страв?

Ова е добро позната тактика на Заев, која сега ја применува Филипче, а тоа е внесување на страв и паника кај народот од локални тепачи, кои се закануваат и сеат страв.

Филипче дословно го спроведува планот на Заев, а како дел од истиот е и декларативното осудување на настанот.

Наместо лицемерни пораки, еве го предизвикуваме Филипче да побара неговиот тепач од Кочани, Акиов да си поднесе оставка од советот во Кочани и јавно да се огради лично тој.

СДС сака да направо хаос во Кочани, каде локални силеџии ќе го плашат народот и држат во грч.

Ова семе на злото кое беше посеано вчера во Кочани, има за цел да покрене лавина на насилие. А како масло на огнот се секојдневните прес-конференции на кои се шират лаги и се лиферуваат пораки на омраза и етикетирање.

СДС се прочитани, а нивниот план е исечен во корен. Филипче е разоткриен.

Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=urvXRvB2zbE

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons