МакедонијаНајновоПолитика

Петрушевски: Ако на некого не му е јасно зошто истрагата за Кочани е таму каде што е, нека ги праша СДС и главниот обвинител Љупчо Коцевски 

СДС и ДУИ се соголија. Паднаа маските. Покажаа дека тие стојат зад главниот обвинител Љупчо Коцевски, зошто во него гледаат единствена сламка за спас од кривична одговорност за сторените криминали.

СДС и ДУИ се единствениот спас за главниот обвинител Коцевски, и сега на секој му е совршено јасно зошто обвинителството нема еден случај против висок функционер од минатата власт.

Со гумата за спасување која СДС и ДУИ му ја фрлија на главниот обвинител Коцевски паѓаат во вода сите оние тиради од прес конференции за Кочани, лажните повици, хушкања за Кочани каде лажно велеа дека бараат правда.

Кога следен пат ќе сакаат да држат прес-конференција за Кочани, треба да се потсетат дека истиот предмет го води главниот обвинител Коцевски и нема потреба да повикуваат јавно, нека си го прашаат лично него. А ако мислат дека ќе ја манипулираат јавноста после ова, им порачуваме дека дебело се лажат. Прочитани сте!

А, главниот обвинител Коцевски треба да знае дека со секој ден поминат без легитимитет му се урнисува и така урнисаниот углед. Очекуваме истиот да покаже доблест и да се поднесе оставка.

Линк од видео материјал:

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons