Пандев сведочеше на можеби најголемиот кикс на Буфон досега (ВИДЕО)
Џанлучиџи Буфон синоќа можеби го направи својот најголем кикс во кариерата, Парма загуби кај Периџа со 2-1.
Денеска сите зборуваат за киксот на Буфон. 44-годишниот голман направи за него неверојатна грешка и овозможи водство на Перуџа од 2-0. Натпреварот на крајот заврши 2-1.
Горан Пандев беше стартер на мечот, во игра излезе во 56. минута од натпреварот. За Парма ова беше трет пораз по ред. По 36 одиграни кола тие се на 13. место во Серија Б.