Официјално: Избрани се новите директори на ЈСП, Водовод, Комунална хигиена и Улици и патишта
Градот Скопје добива нови вршители на должноста директори во четирите најголеми јавни претпријатија
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва објави дека четирите најголеми јавни претпријатија под ингеренција на Градот добиваат нови вршители на должноста директори.
Во ЈП „Улици и патишта“ нов директор ќе биде Борис Настов, кој ја извршувал оваа функција на почетокот од мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска.
На чело на „Водовод и канализација“ ќе застане Иван Митровски, досегашен заменик-градоначалник на Општина Кисела Вода.
Во ЈСП Скопје функцијата в.д. директор ќе ја преземе Саше Илиевски, долгогодишен вработен со богато искуство и познавање на сите оперативни процеси во претпријатието.
Нов в.д. директор на „Комунална хигиена“ ќе биде Драги, професионалец со долга кариера во комуналниот сектор на Град Скопје, кој се истакнал особено за време на акцијата „72 часа“.
Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека изборот на новите директори е направен според нивното професионално искуство, без партиска или јавна експонираност.



