Откриено кој е македонскиот државјанин од фаталната несреќа во Италија
На периферијата на Равена, Италија, во близина на каменолом се случила несреќа помеѓу два камиона, при што загинал 60-годишен маж, а друг бил повреден.
Жртвата е од Македонија, која живеела во Луго. Двата камиона се движеле во спротивни насоки, едниот влегувал, а другиот излегувал од каменоломите, кога се случил сериозниот судир.
И.М 60-годишниот државјанин од Македонија е човекот загина вчера во трагичната несреќа во близина на каменолом во Фосо Џијаја, објавуваат италијанските медиуми.
Администрацијата на општината Луго изразува сочувство до семејството на Месут: неговата сопруга, двете деца и внуците.
„Добро познат во заедницата Волтана. Го викавме Макс (неговото вистинско име е Ислами), од македонско потекло, дошол во Италија пред околу 20 години да работи. И тој отсекогаш го правел тоа, со чесност и посветеност“, напиша градоначалничката Елена Занони на социјалните мрежи.
„Макс и неговата сопруга се добро познати и почитувани низ цела Волтана, каде што решиле трајно да се населат по краток престој во Равена. Нивната работа им овозможила на двете нивни деца да дипломираат и да купат куќа.



